Останати спортови

Лина Ѓорческа поразена на првиот натпревар по враќањето од повредата

Лина Ѓорческа поразена на првиот натпревар по враќањето од повредата

Нашата тенисерка Лина Ѓорчевска го загуби првиот натпревар по враќањето од повредата.

Лина беше поразена со 2:0 против тенисерката Лејре Ромеро Гормаз и така го заврши својот настап уште во првата рунда од челенџер турнирот од серијата 125 кој се одигра во Дубровник.

Ѓорческа загуби со идентичен резултат во двата сета и успеа да освои по три гема во секој сет (6:3, 6:3).

За нашата тенисерка ова беше прв настап по пауза од речиси месец и половина.

Таа доживеа повреда на полуфиналето од турнирот во Порто и одлучи да се повлече се додека повредата не се санира.

To top