Денеска во осминафиналната фаза на ИТФ В50 турнирот на тврда подлога во Порто, Португалија, најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа триумфираше над Настасја Шунк од Германија со 2:0 во сетови 6:2 и 7:6.
Лина Ѓорческа го доби убедливо првиот сет со 6:2, а вториот по тајбрејк со 8:6 на поени.
Нашата тенисерка која е петта носителка на турнирот, во четвртфиналето ќе игра со победничката од дуелот помеѓу првата носителка Деспина Папамихали од Грција и Рашида МекАдо од САД.
Ѓорческа го почна турнирот со победата над Швајцарката Илена Ин-Албион (6:2, 6:3).