Останати спортови

Лина Ѓорческа со пресврт до финале на турнир во Рим

Лина Ѓорческа со пресврт до финале на турнир во Рим

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа забележа нов голем успех оваа сезона, откако в недела ќе игра ново финале на еден ИТФ фјучрс.

Тетовчанката своите одлични настапи во Рим ги круниса со меч за титула, откако во денешното полуфинале по голема борба ја совлада тенисерката од Хрватска, Петра Марчинко.

Македонката го контролираше првиот сет, ама имаше и лоша завршница на истиот, па Петра со 7-5 дојде до водство од 1-0 во сетови.

Ова донесе нова енергија кај Лина која доминираше во продолжението и со 6-2 и 6-2 дојде до триумф кој ја носи во борба за титулата против Оксана Селехметева од Русија.

Селехметева се прошета во денешното соочуваше со Леа Бошковиќ кое и припадна со 6-0 и 6-2.

 

To top