Останати спортови

Лина Ѓорческа поразена во финалето на фјучрсот во Рим

Лина Ѓорческа поразена во финалето на фјучрсот во Рим

Денеска во финалето на ИТФ фјучрсот В75 во Рим, најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа загуби од Оксана Селехметева од Русија со резултат 2:0 во сетови.

Селехметева убедливо го доби првиот сет со 6:1, а во вториот противничката на Ѓорческа беше подобра со 7:3.

За македонската тенисерка ова беше второ финале во 2024 година, претходно во март играше во Ларнака, Кипар, а вкупно 35 во кариерата и има 13 титули.

To top