Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со победа го започна турнирот во Селва Гардина, Италија.
Во првото коло таа беше подобра од Словенката Кристина Новак со 6:1, 6:2 и во второто коло ќе се сретне со осмата носителка на турнирот, Британката Амарни Бенкс, која во првиот меч беше подобра од Полјачката Урсула Радванска, која пред неколку години беше рангирана на 29 место на ВТА-листата.
Турнирот во Селва Гардена се игра за награден фонд од 50.000 долари.