Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа новата календарска година ќе ја стартува со настап во квалификациите на грен – слем турнирот Австралија Опен во Мелбурн.
Ова за Ѓорческа ќе биде втор настап во квалификациите на Австралија Опен, откако во 2017 година беше на чекор до пласман на главниот турнир, но загуби во третото квалификациско коло од првата носителка во квалификациите Стефани Вегел од Швајцарија со 2-1 во сетови (4-6, 6-3, 6-2).
Македонската тенисерка во кариерата има шест настапи на грен – слем квалификациските турнири, -три на УС Опен, и по еден на Австралија Опен, Ролан Гарос и на Вимблдон).