Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го закажа следниот настап на фјучрс-турнирите во ВТА-категоријата.
Тетовчанката се пријави да биде дел од В75 турнирот во Братислава, Словачка, кој вреди 60.000 долари, а се игра во периодот од 7 до 13 октомври.
Ѓорческа требаше да игра во Хрватска, но се откажа затоа што мораше во квалификациска рунда и промени рута.
Нашата тенисерка ќе биде во првото коло, а според ранкингот го има статусот на 17-та носителка (234 позиција на ВТА-листата). Турнирот во Братислава се игра на тврда подлога.