Останати спортови

Лина Ѓорческа ја дозна противничката во квалификациите за УС Опен

Лина Ѓорческа ја дозна противничката во квалификациите за УС Опен

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа во првото коло од квалификациите на УС Опен ќе игра против тенисерката од Аргентина Јулија Риера.

Ривалката има 22 години и се наоѓа на 122 место на ВТА листата и е треторангирана тенисерка од Аргентина на ВТА листата.

Таа минатата година имаше настап во квалификациите на овој грен слем турнир (второ коло квалификации), а сега е рангирана како 19-та носителка во квалификациите.

Риера најдобриот ранг го имаше во мај годинава по триумфот на ИТФ фјучрсот во Висбаден, Германија. Мечевите од првото коло од квалификациите во двете конкуренции нна УС Опен ќе се играат во понеделник и во вторник.

To top