Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа е поразена во првата рунда на ВТА 125 Челинџер турнирот во Љубљана каде беше поразена од осматта носителка Полина Кудерметова од Русија со 2-0 во сетови 6-1, 6-2 за еден час игра.
Ѓорческа ќе продолжи со настапите на турнирот бидејќи во конкуренција на двојки е пријавена да игра со Џил Тајхман од Швајцарија.
Тие во првото коло ќе играат против третите носителки сестрите Надја и Марина Колб од Украина.
Следната недела македонската тенисерка е пријавена за настап на турнир во Пазарџик, Бугарија.