Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во четвртфиналето на ИТФ фјучрсот во Порто што се игра за награден фонд од 60.000 долари.
Таа денеска 2 часа и 5 минути игра загуби од четвртата носителка Маја Џоинт од Австралија со 2-1 во сетови (62 67(6) 63).
Турнирот се играше на тврда подлога, а Ѓорческа од следната недела е пријавена за настап на уште еден турнир во Португалија (Фугеира Да Фоз што се игра за награден фонд од 100.000 долари истотака на тврда подлога.