Возачот на „Мекларен“, Ландо Норис победи во САД на трката за Големата награда на Мајами во Формула 1.
Британецот ја оствари својата прва победа во кариерата, на 110 трка, пред актуелниот шампион Макс Верстапен од „Ред Бул“ и возачот на „Ферари“, Шарл Леклер.
Зад првите тројца се најдоа Карлос Саинц јуниор („Ферари“), Серхио Перез („Ред Бул“) и Луис Хамилтон („Мерцедес“), а Топ 10 се најдоа и Јуки Цунода („РБ“), Џорџ Расел („Мерцедес“), Фернандо Алонсо („Астон Мартин“) и Естебан Окон („Алпина“).
По шест трки, во генералниот пласман води Верстапен со 136 бодови, пред Перез со 101 и Леклер со 98. Следната трка ќе се вози во Имола на 19 мај.