Останати спортови

Ландо Норис прв на стартот во спринг трката во Бразил

Ландо Норис прв на стартот во спринг трката во Бразил

Ландо Норис ќе ја започне спринт трката за Големата награда на Бразил од првата позиција, откако беше најбрз во денешните квалификации на патеката „Интерлагос“.

Возачот на Мекларен покажа одлична форма и со сигурност влезе како главен фаворит за победа во кратката трка.

На второто место ќе стартува младиот Кими Антонели, кој повторно го воодушеви светот со својата брзина, додека третата позиција му припадна на неговиот тимски колега Оскар Пјастри.

Спринт трката носи дополнителни бодови во генералниот пласман и може да има големо влијание врз распоредот во шампионатот.

Според прогнозите, постои можност за дожд, што дополнително би можело да ја направи трката уште поинтересна.

To top