Британскиот формула 1 возач Ландо Норис забележа победа на трката за ГН на Холандија која се возеше на патеката во Зандворт.
Норис од Мекларен доминираше пред актуелниот првак Макс Верстапен. Од почетокот до крајот Норис беше во водство и не му дозволи на возачот од Ред Бул да се закани дека може да дојде до победата.
Третото место му припадна на Чарлс Леклерк од Ферари, а по него следеа Оскар Пјастри, Карлос Сајнц, Серхио Перез, Џорџ Расел, Луис Хамилтон, Пјер Гасли и Фернандо Алонсо кои беа на позициите кои носеа бодови.
Следната трка во Ф1-шампионатот се вози на 1 септември во Монца, Италија.