Останати спортови

Ландо Норис ќе стартува прв на трката во Хунгароринг

Ландо Норис ќе стартува прв на трката во Хунгароринг

Возачот на Мекларен Ландо Норис ќе стартува од пол-позицијата за Големата награда на Унгарија. Првиот стартен ред го комплетира неговиот тимски колега Оскар Пјастри, додека  актуелниот шампион Макс Верстапен ќе почне од третото стартно место.

Веднаш до нив е членот на Ферари, Карлос Саинц. Понатаму следуваат Хамилтон, Леклер, Алонсо, Строл, Рикиардо и Цунода.

Квалификациите во еден период беа стопирани околу 10-на минути откако Цунода на излезот од петтиот свиок ја загуби контрола врз болидот и удри во заштитната ограда.

To top