Квинси Хол во неверојатна завршница дојде до златото во трката на 400 метри на Олимписките игри.
Во една од најнеизевесните трки во олимписката историја, победа извојува атлетичарот кој во поголем дел од трката не беше на првите три позиции.
Американскиот спринтер заостануваше, но во последните стотина метри истрча неверојатно и успеа во фото-финиш да го победи Метју Хадсон Смит. Со време од 43.40., Хол успеа да си обезбеди златен медал, што беше четврто најдобро време во историјата.
Британецот истрча 43.44, во последните неколку метри ја испушти победата и мора да се задоволи со сребрен медал.
Исто така со одлична завршница бронзен медал освои Музала Самконга со време 43,74 секунди.