Австриецот Мануел Фелер ќе го освои малиот кристален глобус во слалом, откако последните планирани трки во оваа дисциплина беа откажани поради лошите временски услови во Крањска Гора.
„Поради обилните дождови во последните 24 часа, кои целосно ја уништија патеката, откажан е и слаломот од Светскиот куп за мажи во Крањска Гора“, соопшти ФИС.
Организаторите на Светскиот куп се обидоа да најдат алтернативна патека за домаќин на овој слалом кој беше закажан за в сабота, но за кратко време не успеаја да најдат решение.