Останати спортови

Крејчикова преку Рибакина до место во финалето на Вимблдон

Крејчикова преку Рибакина до место во финалето на Вимблдон

Барбора Крејчикова од Чешка e втората финалистка на овогодинешното издание на Вимблдон откако славеше над Елена Рибакина со 2-1 во сетови, шокирајќи ја повторно тенисерката од Казахстан против која успеа да слави и на претходните две меѓусебни пресметки.

Таа во големото финале ќе се сретне со Италијанката Паолини, која исто како и Крејчикова по голема борба и со пресврт по 0-1 славеше над Дона Векиќ со 2-1 во сетови.

To top