Останати спортови

Краузер суверено до трето светско злато

Краузер суверено до трето светско злато

Американскиот атлетичар Рајан Краузер го освои златниот медал во дисциплината фрлање ѓуле на Светското првенство во Токио.

Ова е трет златен медал од Светските првенства за Американецот, кој веќе е вистинска легенда на една од најтешките технички дисциплини.

Краузер дојде до најсјајниот медал со фрлање од 22.34 метри. Сребрениот медал му припадна на Узиел Муњоз од Мексико со национален рекорд од 21.97 метри, постигнат во последната серија.

Италијанецот Леонардо Фабри стигна до бронзениот медал со резултат 21.94 метри. Тој имаше иста дистанца како Новозеланѓанецот Том Волш, кој имаше полошо второ фрлање.

 

To top