Алжирската боксерка Имане Келиф за која се кренаа лавина реакција поради сомневање за вистинскиот пол, во финалето со едногласна судиска одлука ја победи Лиу Јанг од Кина и го освои златниот медал на ОИ.
Келиф на овие Олимписки игри предизвика големо внимание и коментари затоа што минатата година доби забрана за натпреварување на Светското првенство од страна на Меѓународната боксерска федерација со образложение дека има XY хромозоми и вишок тестостерон.
Поради тоа многумина ја обвинуваат дека е машко.Келиф е родена како девојка пред 25 години во сиромашно семејство, прво сонувала да биде фудбалерка.
Боксот го засакува подоцна под влијание на нејзиниот татко, кој тврдел дека тоа не е спорт со кој девојки требало да се занимаваат.