Останати спортови

Контроверзната олимписка шампионка поднесе тужба поради „мизогинска, расистичка и сексистичка кампања“

Контроверзната олимписка шампионка поднесе тужба поради „мизогинска, расистичка и сексистичка кампања“

Контроверзната олимписка шампионка, Имане Келиф, поднесе тужба поради „мизогинска, расистичка и сексистичка кампања“.

Боксерката поднесе официјална жалба откако се најде во центарот на спорот за подобноста на полот на Олимпијадата. Таа го освои вториот златен медал за Алжир на Олимписките игри, откако славеше во женска конкуренција до 66 килограми, победувајќи ја Кинезинката Јанг Лиу со едногласна одлука на судиите.

Нејзиниот настап во Париз привлече големо внимание, бидејќи Меѓународната боксерска асоцијација (ИБА) ѝ забрани да учествува на Светското првенство во Индија, откако падна на тестовите за полот, а претседателот на ИБА, Умар Кремлев, тврдеше дека има XY-хромозоми.

И покрај бројните критики во текот на натпреварувањето, почнувајќи со победата над Анџела Карини од Италија за само 46 секунди, Алжирката беше надмоќна над конкуренцијата и, без посериозни проблеми, стигна до златниот медал.

Но, сега нејзиниот адвокат, Набил Буди, објави дека поднела тужба до специјалното одделение на париското Обвинителство за борба против говорот на омраза на „Интернет“.

To top