Конор Мегрегор повторно е обвинет за силување. Овој пат во Соединетите американски дражави каде злоупотребил жена на НБА натпреварот помеѓу Мајами и Денвер минатата година, носејќи ја во тоалетот со помош на неговите телохранители, кои подоцна стојат пред вратата.
Од целиот немил настан има и видео доказ, а и покрај тоа што првично полицијата во Мајами не го истражи случајот поради недоволни докази, 49-годишната жена која сака да остане анонимна поради политичката функција која ја врши се одлучи на приватна тужба.
Адвокатите на Мегрегор се надеваат дека случајот нема да стигне ниту до суд поради недоволните докази и поминатото време, нешто што не беше случај во последното обвинение по која Ирецот беше прогласен за виновен за силување.