Останати спортови

Клаебо го oсвои и петтото злато на ЗОИ 2026

Клаебо го oсвои и петтото злато на ЗОИ 2026

Јоханес Хесфлот Клебо испиша нова страница во олимписката историја, освојувајќи го десеттото злато во нордиско скијање на Зимски олимписки игри 2026 во Милано и Кортина.

Со овој подвиг, Норвежанецот постави нов рекорд по бројот на златни медали во кариерата на Зимските игри.

Дваесет и деветгодишниот Клебо, во тандем со сонародникот Еинар Хедегарт, триумфираше во машкиот тимски спринт, што беше негово петто злато на Игрите во 2026 година.

Само неколку дена претходно, тој веќе го подобри рекордот со победата во штафетата на 4 х 7,5 километри, а сега дополнително ја зацврсти својата доминација.

Со пет злата од едни Игри, Клебо се израмни со легендарниот Ерик Хајден по бројот на најсјајни медали освоени на едни Зимски олимписки игри. Доколку слави и во саботната трка, ќе стане апсолутен рекордер и по тој параметар.

Во тимскиот спринт, среброто им припадна на Американците Гас Шумахер и Бен Огден, кои задоцнија 1,4 секунди зад победниците, додека бронзата ја освоија Италијанците Елија Барп и Федерико Пелегрино со заостанување од 3,3 секунди.

To top