Ник Кирјиос конечно се врати на победничките патеки, триумфирајќи во првото коло на Мастерсот во Мајами против Мекензи Мекдоналд.
По долга пауза и тешки моменти, австралискиот тенисер не ги криеше емоциите по победата. Уште од првите зборови беше јасно колку сето тоа му значи.
-Нема да лажам, блиску бев да заплачам на теренот. Само размислував за последните две години, беше брутално, морам да бидам искрен. Не можев да го движам зглобот и лекарите ми рекоа дека никогаш повеќе нема да играм. Слушав многу мислења од надвор, прашувајќи се дали некогаш ќе бидам на ова ниво и повторно ќе победам. Играњето е едно, победувањето на натпреварите е сосема друго“, рече Кирјос.
Го победи Мекдоналд, Американецот кој на многумина им направи проблеми.
„Порано навистина победував многу, така што ова ми е нормално, но мислам дека сè уште не сум сфатил целосно дека бев во ситуација да не можев да удирам ни меко тениско топче, а сега победувам сериозен играч“, рече Кирјос, кој вчера постигна 13 асови.
Во второто коло ќе игра против Карен Хачанов.
– Заедно пораснавме, игравме во јуниори. Тој е голем работник. Одличен професионалец, секогаш се појавува кога е потребно. Сè е спротивно од тоа што сум јас“, Ник ги насмеа присутните и продолжи:
– Ако сѐ биде добро, ќе покажам сѐ што имам, но не можам да гарантирам дека ќе биде како што беше порано – рекол Кирјос.