Иако целата ситуација беше ублажена со официјалното соопштение на најдобриот тенисер во моментот Јаник Синер реакциите допрва ќе пристигнуваат.
„Каква врска има дали тоа го направил случајно или му било планирал. Ако двапати сте позитивни на забранети супстанци, мора да добиете двегодишна забрана. Вашите перформанси на турнирите се зголемени. Крем за масажа…да, многу убаво“.
Хозе Моргадо, познат португалски новинар кој е редовен известувач од тениските турнир, откри еден интересен детал:
„Синер беше суспендиран неколку дена по освојувањето на Мастерсот во Мајами, а пред почетокот на Мастерсот во Мадрид. Беше на ждрепката и присуствуваше на прес-конференција пред турнирот, иако во тој момент беше суспендиран. Казната му беше простена на време за да игра“.
Моргадо објасни дека е многу важно за АТП да има нова ѕвезда од Италија, нов магнет за публиката, да заигра во Магичната кутија во шпанската престолнина.
Инаку не е тајна дека италијанското лоби е многу силно во АТП, претседател е Андреа Гауденци.