Откако првиот рекет на светот одговори на новинарско прашање како треба да реагира ако разговара со Кирјиос, сега Австралиецот повторно се огласи и прокоментира видео на социјалната мрежа Инстаграм.
„Како спортисти ги користиме нашите платформи за да се увериме дека работите се фер и изедначени. Тоа е сè што направив. Некои играчи се лути. Знаеме дека Синер е неверојатен, одличен тенисер и едно од главните лица во спортот. Но, ако очекувате да молчиме… нема“, напиша Киргиос.
Италијанецот доби позитивен резултат при допинг тестот за време на Индијан Велс, а позитивен беше и осум дена подоцна и доби минимална казна.
Ник Киријос не крие дека е незадоволен од отсуството на посериозна казна за Синер, а се приклучија и многу други тенисери.