Олимпискиот тим на Кина во моментнот е на првото место на табелата зголемувајќи го својот вкупен број на 37 медали, вклучувајќи 16 златни, влегувајќи во деветтиот ден од натпреварувањата на ОИ во Париз.
Покрај 16 златни медали, Кина има освоено 12 сребрени и девет бронзени медали. САД се на втората позиција со вкупно 61 медал, од кои 14 златни, 24 сребрени и 23 бронзени медали.
Домаќинот Франција е на третото место со 12 златни, 14 сребрени и 15 бронзени медали или вкупно 41 медал.
Австралија е на четвртото место со 12 златни, осум сребрени и седум бронзени за вкупно 27 медали. Велика Британија е петта со 10 златни, 10 сребрени и 13 бронзени медали за вкупно 33.