Кејт Даглас ја исплива најбрзата трка на 200 метри градно во историјата во базен од 25 метри. Во текот на првиот ден на вториот митинг од Светскиот куп во Инчеон, Кореја, Американката ја запре стоперката на 2:14.16 минути.
Со тоа, таа беше за 41 стотинка подобра од времето кое го исплива рекордерката и нејзина сонародничка Ребека Сони. Во машка конкуренција најинтересната трка беше забележана во 100 мешано.
Првото место го поделија Леон Маршанд, четирикратен олимписки шампион и Швајцарецот Ноа Понти. И двајцата до целта стигнаа за точно 51 секунда.