Австралиската пливачка Кејли МекКеун победи во дисциплината 100 метри грбно и повторно се искачи на првото место.
По триумфот пред три години во Токио, Австралијанката беше најбрза и во финалето во Париз.
Со времето од 57.33 секунди таа не само што го освои златниот медал, туку го собори и олимпискиот рекорд.
На второто место се пласираше Смит од Соединетите Американски Држави, додека трета беше нејзината сонародничка Беркоф.