Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз не успеа да се пласира во четвртфиналето на АТП турнирот во Квинс, бидејќи во осминафиналето беше поразен од Британецот Џек Дрејпер со 7:6 (7:3), 6:3.
Натпреварот траеше еден час и 40 минути. Ова беше трет дуел на шпанскиоти британскиот тенисери, а прв триумф за Дрејпер кој во четвртфиналето ќе игра против Американецот Томи Пол.
Алкараз не успеа да ја одбрани титулата на турнирот во Квинс, поради што следниот понеделник ќе падне на третото место на АТП листата, додека на втората позиција ќе се најде Новак Ѓоковиќ.