Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го пропушти Мастерсот во Мајами поради повреда на раката, но е пријавен за турнирот од серијата 500 кој идната недела ќе се одржи во Барселона.
Неговото име фигурира на листата на учесници и ќе учествува во ждрепката во која ќе биде прв носител, а со тоа и ќе ја брани титулата освоена минатата година.
Во Барселона не играат Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер, но пријавени се Андреј Рубљев, Каспер Руд, Алекс де Минор, Стефанос Циципас итн.
Турнирот во Барселона почнува в понеделник, но со оглед на тоа што е прв носител, својот меч Алкараз ќе го одигра на 17 април.