Останати спортови

Карлос Алкараз ќе игра на сите Мастерси на земја

Карлос Алкараз ќе игра на сите Мастерси на земја

Тренерот на светскиот рекет број еден, Карлос Алкараз, Самуел Лопез, ги откри плановите на тимот за претстојниот дел од сезоната на земјени терени.

Според најавите, шпанскиот тенисер ќе настапи на сите Мастерс 1000 турнири на оваа подлога, како и на Ролан Гарос.

Сепак, дури и со максимален ефект, не е сигурно дека ќе успее да ја задржи лидерската позиција на АТП-листата.

Во календарот на Алкараз за овој дел од сезоната се вклучени турнирите во Монте Карло, Барселона, Мадрид и Рим, пред кулминацијата на париската земја. Првиот Мастерс турнир ќе се одржи од 5 до 12 април во Кнежевството.

Минатата сезона, Алкараз не настапи во Мадрид, но на останатите турнири стигна до самите завршници, освојувајќи трофеј освен во Барселона, каде што застана чекор пократко.

To top