Чешката тенисерка Каролина Мучова втора година по ред се пласира во полуфиналето на УС Опен, а во четвртфиналето беше подобра од Бразилката Беатриз Хадад Маија со 6-1, 6-4.
Во полуфиналето Мучова го чека победникот од мечот во кој се среќаваат светската тенисерка број еден, Полјачката Ига Швојнтек и Американката Џесика Пегула. Во второто полуфинале ќе играат Американката Ема Наваро и Белорусинката Арина Сабалена.
Мучова целосно доминираше во првиот сет, додека Хадад Маија пружи нешто подобар отпор во вториот дел, но и тоа беше премалку за дополнително да се искомплицира овој меч. Се беше готово за еден час и 25 минути.