Останати спортови Македонскиот олимписки комитет

Каратистот Јакупи стави крај на кариерата, благодарницата од МОК

Настанот не беше само збогување со татамите, туку и официјализирање на неговиот трансфер во спортската администрација, соопшти МОК..

Каратистот Јакупи стави крај на кариерата, благодарницата од МОК

Во преполната сала на Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар, под слоганот „Еден патопис, страст, историја“, беше означен крајот на исклучително богатата спортска кариера на македонскиот каратист и четирикратен европски првак Берат Јакупи.

На свеченоста, што се одржа во саботата вечер, присуствуваа истакнати претставници од општествениот и спортскиот живот, кои дојдоа да му оддадат почит на спортистот кој испиша историја во македонското карате.

„Настанот не беше само збогување со татамите, туку и официјализирање на неговиот трансфер во спортската администрација. Јакупи, кој зад себе остава импресивно наследство како четирикратен европски шампион, медитерански првак и освојувач на над 120 меѓународни победи, продолжува со својот ангажман преку значајна и одговорна улога во структурите на Македонскиот олимписки комитет (МОК)“, соопшти МОК.

На присутните и на лауреатот им се обрати претседателот на МОК, Даниел Димевски, кој го говорот ја истакна големината на Јакупи како комплетна личност – врвен спортист, но и иден лидер во спортскиот менаџмент, врачувајќи му притоа признание во името на македонското олимписко движење.

Свеченоста, по повод официјалниот крај на спорската кариера на Јакупи, доби и регионална димензија со присуството на високи гости, меѓу кои на претседателот на Олимпискиот комитет на Косово, Исмет Красниќи, како и поранешниот светски карате првак Енвер Идризи.

„Олимпискиот комитет му посакува на Берат Јакупи истата решителност и успех во неговата нова мисија, уверен дека неговиот победнички дух ќе придонесе за развојот на олимпизмот во земјата“, соопшти МОК.

To top