Останати спортови

Канада прв финалист во хокеј на мраз на ЗОИ 2026

Канада прв финалист во хокеј на мраз на ЗОИ 2026

Канаѓаните и Финците прикажаа фантастична хокеарска претстава, при што Финците водеа со 2-0, но Канаѓаните успеаја целосно да го свртат резултатот со гол на 35 секунди пред крајот.

Во финалето в недела од 14:15 часот, Канада ќе игра против победникот од второто полуфинале во кое ќе играат САД и Словачка.

Канаѓаните во неделното финале ќе се обидат да ја освојат својата 10 олимписка титула во историјата.

Ова е шести пат хокеарите од НХЛ лигата да играат на Зимските олимписки игри, а во претходните пет изданија (од 1998 до 2014 година), Канада трипати освои злато (2002, 2010, 2014 година).

 

To top