Македонскиот тенисер Калин Ивановски со пласман во четвртфиналето го заврши турнирот во Куршумлијска Бања, Србија.
Тој против првиот носител Свјатослав Гулин го предаде поради повреда во вториот сет при резултат 1-0 во сетови за противникот и 3:1 во гемови во вториот сет.
Во првиот сет по 1:1 во гемови првиот носител Гулин направи серија од пет гема и го освои сетот со 6:1.
Во вториот сет Ивановски поведе со 1:0, но потоа Гулин имаше три гема за 3:1 и во петтиот гем по еден одигран поен Ивановски се повлече од мечот. Ивановски и следната недела е пријавен за настап на турнир во Куршумлијска Бања.