Македонскиот тенисер Калин Ивановски ја продолжи победничката серија на фјучрсот во Опатија и денеска обезбеди место во осминафиналната рунда на овој турнир.
Македонскиот тенисер по три победи во квалификациите, денеска имаше настап и на главниот турнир, победувајќи го Кане Бонсак од Данска со 2:0 во сетови.
За помалку од два часа, Ивановски ги доби двата сета со 6:4 и 7:5.