Македонскиот тенисер, Калин Ивановски доживеа пораз од првиот носител Вилиус Гаубас во квалификациите на Челинџер турнирот во Маиа (Португалија).
Калин се надигруваше со Литванецот кој е 185 на АТП листата, поточно овој дуел кој траеше нешто повеќе од два часа го решија детали кои беа на страна на Гаубас кој подобро се снајде во двата тај-брејка.
Вилиус го доби првиот со 7-4, а вториот 7-5 и со тоа направи исчекор кон пласман во главната фаза на турнирот што се игра за награден фонд од 120.950 евра.