Останати спортови

Калин Ивановски ги мина квалификациите во Опатија

Калин Ивановски ги мина квалификациите во Опатија

Калин Ивановски успеа да обезбеди место во главната фаза на ИТФ фјучерсот во Опатија турнир што е со награден фонд од 15.000 долари.

Македонскиот тенисер мораше да мине низ квалификациите каде оствари три победи од кои најтешката беше онаа во првата рунда против Макс Батутенко со 2-1 во сетови за да потоа ги суреди во два сета Грегор Рамскоглер и Ахилес Белкович.

Горазд  Србљак пак не успеа да ги мине квалификациите во Аламинос каде во последниот филтер загуби од Никола Парициа од Швајцарија со 2-0 во сетови (6:3 6:2).

To top