Македонскиот тенисер Калин Ивановски не успеа да се пласира на Челинџер турнирот од серијата 100 во италијанскиот град Роверето.
Најдобриот македонски тенисер ја мина првата рунда од квалификациите, а потоа беше елиминиран на чекор од главната ждрепка. Ивановски загуби со 2-0 од романскиот тенисер Богдан Павел.
Македонецот првиот сет го загуби убедливо со 6-2, а потоа во вториот пружи отпор и играше до 7-5. Сепак, на крајот Ивановски беше елиминиран.