Јон Рам (29), голф играч од Шпанија, е новиот најплатен спортист во светот. Платен повеќе од фудбалерите Лионел Меси и Кристијано Роналдо заедно, стана со потписот на договор вреден 555 милиони евра со ЛИВ голф лигата од Саудиска Арабија, пренесува „Дејли Меил“.
Рам е трет на светската листа и Мастер Шампион и сега испиша историја со трипати поголем договор од оној што Саудијците му го платија и на шесткратниот шампион Фил Микелсон пред година и пол.
ЛИВ голф лигата имаше намера да го направи Тајгер Вудс најплатен спортист во светот, но тој одби понуда од 920 милиони евра, додека Рори Мекилрој го одби нивниот предлог за договор вреден 290 милиони евра.