Италијанската тенисерка Јасмин Паолини се пласираше во финалето на Вимблдон откако по три сета ја совлада Дона Векиќ (6:2, 4:6, 7:6).
Седмата тенисерка во светот по два часа и 54 минути се пласираше во финалето на овој Грен слем, што е најдолго полуфинале во историјата на Вимблдон.
Со тоа стана првата тенисерка која по 2016 година настапила во финалето на Грен слем турнирите во Париз и Лондон.