Женскиот одбојкарски првак на Македонија, тимот на Јанта Волеј го заврши настапот во Лигата на шампините. Сепак, состабот од скопска Кисела Вода, останува на европската сцена и натаму.
Одбојкарките на Јанта волеј се поразени во Франција кај екипата на Валеро Ле Кане во реванш дуелот од втората квалификациска рунда.
Францускиот тим ја потврди улогата на фаборит па по скопските 3:1 во реваншот славеше со 3:0 (25:6, 25:13, 25:13).
Мери Бошковска освои најмногу седум поени, еден повеќе од Ана Ѓоргиевска, а Јасмин Ледесма освои четири.
Со две победи и два порази Јанта го завршуваат настапот во најсилното европско клупско натпреварување, но ќе продолжат во ЦЕВ Купот. Во него за противник ќе го има хрватски тим на Младост Загреб.
Првиот меч ќе се игра во Загреб на 3 декември од 20 часот, а реваншот во Скопје е седум дена подоцна.