Останати спортови

Јанта Волеј и Наковски Волеј во финалето од женскиот одбојкарки Куп на Македонија

Јанта Волеј и Наковски Волеј во финалето од женскиот одбојкарки Куп на Македонија

Одбојкарките на Јанта Волеј и Наковски Волеј се пласираа во финалето на Купот на Македонија, па утре од 16 часот ќе се соочат за трофејот.

Наковски Волеј прв стигна до финалето откако славеше против Фит Фан Волеј со убедливи 3-0 во сетови, односно 25-14, 25-21, 25-18.

Јанта Волеј во второто полуфинале го совлада Работнички со 3-0, односно 26-24, 25-11 и 25-19.

Борбата меѓу Јанта Волеј и Наковски Волеј се игра утре од 16 часот, додека машкото финале меѓу Штип УГД и Струмица се игра од 19 часот.

To top