Останати спортови

Јаник Синер триумфираше во Синсинати

Јаник Синер триумфираше во Синсинати

Италијанскиот тенисер Јаник Синер го победи Американецот Френсис Тиафо во финалето на турнирот во Синсинати со резултат од 2-0 по сетови 7:6 (7:4) и 6:2.

Мечот кој траеше 1 час и 38 минути, 23-годишниот Италијанец сервираше 13 аса, направи 2 двојни грешки и освои две 2 брејк топки од 8 шанси.

За светскиот рекет број еден ова е петта титула во 2024 година. Синер претходно ги освои турнирите во Ротердам, Мајами, Хал, како и Австралија Опен.

Наградниот фонд на турнирот изнесуваше 6,8 милиони долари.

To top