Италијанскиот тенисер Јаник Синер упати божиќна честитка до сите негови фанови, а воедно најави дека се подготвува во Дубаи, каде ја темпира формата за настапот на Австралија Опен.
Вториот светски рекет има цел да го симне од врвот Шпанецот Карлос Алкараз, но и самиот признава дека оваа мисија нема да биде воопшто лесна.
„Среќен Божиќ на сите, ви посакувам само убави нешта. Моментално тренирам во Дубаи и се подготвувам за авантурата во Австралија. Пред мене е тешка сезона, знам дека предизвикот е огромен, ќе дадам максимум за да се вратам на врвот, а се надевам и на многу трофеи во 2026 година“, изјави Синер.
Во моментов Синер има 550 поени помалку од Алкараз. Минатата сезона Италијанецот шест трофеи.