Италијанскиот тенисер Јаник Синер ја освои титуката на Ротердам од серијата 500 и додаде нови 200 бода на своето конто.
Во денешното финале, тој го победи Алекс де Минор од Австралија со 2-0 (7-5, 6-4) за својот 12. трофеј во кариерата.
Со тоа, Италијанецот се проби на третата позиција и таму ќе се најде на најновата АТП листа што ќе излезе утре.