Јаник Синер ја оправда фаворитската улога и се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон.
Во осминафиналето Италијанецот беше подобар од Американецот Бен Шелтон со 3:0 во сетови.
Победата Синер ја најави уште во првиот сет кога на Шелтон му дозволи само два гема. Во вториот американскиот тенисер освои два повеќе, додека најголемиот отпор го пружи во третиот гем.
На крајот сепак Синер го доби и третиот сет по тај-брејк со 11:9 и така запиша триумф.