Останати спортови

Јаник Синер го враќа стариот тренер

Јаник Синер го враќа стариот тренер

Јаник Синер италијанскиот тенисер и еден од најголемите таленти на денешницата, повторно го вработи својот поранешен кондиционен тренер Умберто Ферара – потег кој веднаш предизвика реакции во тениската јавност.

Одлуката доаѓа неколку месеци по контроверзниот допинг инцидент, кога Ферара беше отпуштен откако се откри дека тој набавил крема што содржела забранета супстанца (клотебол), која индиректно заврши на телото на Синер преку физиотерапевтот Џакомо Налди. Иако Синер не беше директно виновен и казната беше минимална, инцидентот остави сенка врз неговиот тим.

Она што дополнително ја вознемири јавноста е што само неколку месеци по разделбата, Ферара повторно е вклучен во стручниот штаб.

To top