Италијанскиот тенисер Јаник Синер, остана без 400 АТП-поени освоени минатата пролет на Индијан Велс, а сето тоа поради казната на надлежната антидопинг комисија, бидејќи двапати беше констатирано дека има недозволена супстанца во неговиот примерок.
Меѓутоа, независен трибунал утврди дека Синер не е одговорен за ниту еден од позитивните тестови.
Синер беше позитивен на нелегален анаболичен стероид за време на тестирањето во Америка во март, кога се натпреваруваше во Индијан Велс.
Властите во неговиот примерок нашле клостебол, кој е на списокот на забранети супстанци на Меѓународната антидопинг агенција. Тој беше тестиран втор пат по натпреварот, на 18 март, а и на овој тест беше утврдено присуство на клостебол.
Италијанецот ја обжали суспензијата во двата случаи и на тој начин му беше овозможено да продолжи да игра и да стане рекет број еден во светот.
Оваа недела, тој го освои Синсинати, бидејќи независен трибунал не најде никаква вина или невнимание од страна на Синер за две прекршувања на тениската анти-допинг програма.
Италијанецот се изјасни за виновен и за двете дела, а официјално беше објавено дека грешката е по вина на физиотерапевтот, кој користел крем со клостебол за лекување на расекотина на прстот, а потоа го масирал и рехабилитирал во периодот од 5 до 13. март.