Спортските резултати на крајот на календарската година секогаш се вреднуваат со националниот избор на „СПОРТИСТИ НА ГОДИНАТА“.

Годинашниот, за 2025 година кој ќе се одржи 18 декември, во Национална опера и балет во Скопје со почеток од 20 часот. На 71-виот избор, ќе бидат доделени спортските признанија на најдобрите македонски спортисти, тренери и тимови за 2025 година во повеќе категории.

Во продолжение ви претставуваме номинираните во двете главни категории, а вие може да го направите вашиот избор.

Спортистка на годината

Ангела Мојсовска карате: Пласман 7 место Европски Првенство во Ереван, Ерменија
Катерина Попева боди билдинг и фитнес: Светски шампион 1 место, златен медал СП во фитнес и бодибилдинг , Санта Сусана, Шпанија
Александра Марковска фудбал: Освојувач на шампионат и КУП во прва ЖФЛ со ЖФК Љуботен, Учество во квалификации во УЕФА лига на шампиони со ЖФК Љуботен, Член на А репрезентација
Катерина Ацевска македонска Џиу џицу: 3 место, бронзен медал на СП во Бангкок,Тајланд
Сашка Колеска спортски танци: Пласман 7 место СП во соло латино во Бремен, Германија

СПОРТИСТ 2025 – ЖЕНИ by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА

Спортист на годината

Енис Барди фудбал : Капитен на А репрезентација, 14 натпревари без пораз Обезбеден бараж за СП Март 2026
Стефан Михајловски кикбокс и маитаи : 2 место, сребен медал на СП во кик лајт во Абу Даби, ОАЕ во категорија +94 кг
Ален Рустемовски бокс: 2 место, сребрен медал У23 ЕП во Ереван, Ерменија
Андреас Трајковски атлетика: Финале и 8 место на Европско првенство во сала , Апелдрон, Холандија
(7,85 м)
Владимир Егоров борење: 5 место СП Загреб, Р.Хрватска

СПОРТИСТ 2025 – МАЖИ by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА

Млад спортист на годината

Адријан Рустемовски бокс: 3 место, бронзен медал на ЕП во Ереван, Ерменија
Лука Змејковски кикбокс: 3 место, бронзен медал на ЕП во Лидо ди Jeсоло, Италија дисциплиналоу кик +81кг
Никола Блажевски спортско стрелаштво: Светски куп Минхен, Р.Германија 609 кругови, воздушна пушка 10м. Категоризиран спортист меѓународна категорија
Иван Галевски ракомет: Освојувач на ЕХФ куп 1 место со РК Алкалоид, сениорски репрезентативец на Македонија и пласман за ЕП 2026
Бесир Алили борење: 5 место ЕП У23 Тирана, Р.Албанија

Млада спортистка на годината

Емилијана Ризовска ракомет : Сениорска репрезентативка на Македонија и учество на Европски куп со ЖРК Ѓорче Петров
Душица Бреслиева карате: 3 место, бронзен медал на ЕП за кадети, јуниори и У21, Полска 2025
Марија Спирковска борење: Пласман 9 место на СП во Нови Сад, Р.Србија
Марија Димовска кикбокс и маитаи: 3 место, бронзен медал на ЕП во Лидо ди Јесоло, Италија дисциплина лоу кик – 60 кг
Даниелa Алексовска бразилска џиу џицу: 1 место, златен медал на ЕП во мешани боречки вештини во Белград, Р.Србија
3 место, бронзен медал на СП во мешани боречки вештини во Тбилиси, Р.Грузија

Најуспешен машки национален тим

Одбојка Сениорски национален тим: Пласман на 9 место Европска златна лига и пласман на ЕП 2026
Ракомет Сениорски национален тим: Пласман 15 место на СП во Хрватска, Данска и НорвешкаОбезбеден пласман за ЕП 2026
Фудбал Национален тим У17: Пласман во елитна рунда на квалификации за ЕП
Кошарка Сениорски национален тим: Учество во претквалификации за ЕП 2029

Најуспешен женски национален тим

Фудбал Национален тим У17: Учество во лига А квалификациите за ЕП
Ракомет Сениорски национален тим: Учество на квалификации за ЕП 2026
Одбојка Сениорски национален тим: Учество во Европска сребрена лига
Кошарка Сениорски национален тим: Учество во квалификации за СП 2027

Најуспешен спортист со инвалидитет

Андреј Стојаноски пливање: Пласман 6 место на 400м мешано на Олимписки игри за глуви и наглуви лица Токио, Јапонија 2025 Оливера Наковска Бикова спортско стрелаштво: Пласман 4 место на ЕП во Осијек, Хрватска во дисциплина 25м пиштол микс
Зоран Костадиновски шах: Пласман 5 место на Шаховска олимпијада за сите инвалидизирани лица во Р.Казахстан
Жарко Селковски шах: Пласман на 5 место на Шаховска олимпијада за слепи и визуелно хендикепирани лица во Врњачка Бања, Р.Србија

Најуспешен тренер/селектор

Магомед Ибрагимов борење: 5 место СП во Загреб, Р.Хрватска со Владимир Егоров15 место СП во Загреб, Р.Хрватска со Могомедгаџи Нуров
Методија Ангелески Национална спортска федерација на глуви Пливање: 3 финални натпревари со освоено:6 место на 400м мешано 7 место на 200 м градно и7 место на 100 м граднона 25-ти летни Олимписки игри за глуви и наглуви лица
Кирил Лазаров Ракомет Сениорски национален тим: пласман 15 место на СП во Хрватска, Данска и НорвешкаОбезбеден пласман за ЕП 2026Освојувач на ЕХФ куп, 1 место со РК Алкалоид
Дејан Митровски Кикбокс Маитаи: 1 сребен медал и 2 бронзени медали на СП во Абу Даби, ОАЕ
Кристијан Кајчевски Атлетика: Финале на ЕП во сала за сениори – скок во далечина 8 место со Андреас ТрајковскиЕвропско екипно првенство во Марибор, Р.Словенија

Најуспешна национална спортска федерација

Фудбалска федерација на Македонија: 14 натпревари без пораз, Обезбеден бараж за СП Март 2026. Национален тим У17: Пласман во елитна рунда на квалификации за ЕП
Одбојкарска федерација на Македонија: Сениорски национален тим пласман 9 место Европска златна лига и пласман за ЕП 2026
Сениорски женски национален тим, Учество во Европска сребрена лига со две победи
Ракометна федерација на Македонија: Сениорски национален тим пласман 15 место на Светско Првенство во Хрватска, Данска и Норвешка. Обезбеден пласман за ЕП 2026
Џудо федерација: Организација ЕП за кадети Скопје, јуни. Организација Европски куп за јуниори кСкопје, август. Организација Европски куп за сениори Скопје, септември Кикбокс Маитаи Федерација. 1 сребен медал и 2 бронзени медали на СП сениори во Абу Даби, ОАЕ. 2 бронзени медали на ЕП јуниори во Лидо ди Јесоло, Италија